Луѓето ги споделуваат најкатастрофалните љубовни состаноци што ќе се радувате што не биле ваши

Некои состнаоци можат да нè натераат да посакаме да има некоја дупка во земјата и да исчезнеме во неа. Овие 10 луѓе споделуваат непријатни приказни за состаноци што ќе ве направат благодарни за секој состанок  што некогаш сте го имале.

 

 

1.

Работам во кафуле каде што обично правиме шоуа и организираме и предлози за брак. На пример поставуваме „случајно извлекување“ каде што „победникот“ излегува на сцената за да ја добие својата награда.
Еден човек сакаше да ја запроси девојката со песна. Го правиме лажното извлекување, жената излегува на сцената пред 400 луѓе, а музиката почнува да свири. Типот беше малку нервозен и пееше дека му е жал што ја изневерил оваа жена со нејзината сестра. На крајот, тој се спушти на едно колено и запроси.
Кутрата жена почнува да ја тресе главата и вели: „Не, кој е проблемот со тебе?“ Таа излетува од сцената и ги остава него и нашиот сценски менаџер на сцената на еден куп мрморење од публиката. Единственото нешто што го кажа нашиот менаџер беше „Па, тоа е тоа“.

2.

Дојде еден пар во кафулето кадео што работам. Девојката отиде во тоалет, се врати и призна дека спиела со братот на момчето. Почнаа да летаат чаши насекаде, двајцата беа исфрлени.

3.

Тоа беше нешто што го кажа додека бев со него во автомобилот. Чекавме на семафори, тој го спушти прозорецот и извика: „Еј, изеди уште една крофна!“ – на крупната жена која чека да го помине патот. Тоа беше нашиот последен состанок.

4.

Во ресторанот кај што работам влезе еден пар облечени во готик стиол. Тие објавија дека биле енергетски вампири, но да не се плашиме од нив затоа што нема да нè повредат. Откако го нарачаат оброкот тие
учтиво ја праша келнерката дали таа би останала на нивната маса некоја секунда, па тие би можеле да се хранат од нејзината аура за да имаат доволно енергија за таа ноќ. Келнерката рече во ред. Двојката ги спои рацете, ги затворија очите и испуштаа звуци како да цицаат цела една минута. Потоа се вратија назад на седиштата воздивнувајќи како да се прејале. Келнерката доби бакшиш за нејзината вкусна енергија.

 

5.

Човекот стана од масата, чукна на чашата за да го привлече вниманието на сите и им кажува на сите каква фантастична личност е неговата девојка, колку ја сака и колку е среќен што ја има во својот живот.
Цело време додека се случува ова, таа го гледа со најздодевниот изглед на лицето. Типот вади прстен, клекнува на едно колено и ја замолува да се омажи за него. Таа му го упатува најодвратниот поглед и му вели: „ОВА е прстенот на кој очекуваш да кажам да? Може ли да бидеш поевтин?“ Таа станува и излегува, оставајќи го кутриот само да клечи таму.

6.

Еден дечко што дојде кај мене и побара да ја добие прозорската маса вечерва за неговиот состанок. Му објаснив дека не можам да гарантирам и тој ми лизна 400 долари со изгледот „А сега?“ и јас нормално попуштив.
Потоа ми даде уште некоја стотка и ме праша дали можам да направам нешто за него, да дојдам до масата кога тој ќе седи со девојката и да се преправам дека го познавам од филм. Па зошто да не?
Подоцна вечерта тој седеше со една русокоса. Им пријдов и го направив целото „Како уживате во вечерта?“ Пред да си заминам, изглумив вредно за Оскар „Дали си ти тој… случајно…? Мора да си…“ тој ја имаше таа огромна насмевка на лицето. Беше успешно и тој го обожаваше тоа.

7.

На шанкот седеше еден пар. Можеби по 30 минути од нивното седење, јас бев во задниот дел и пријателот трча до мене и вели: „Има излез назад овде, нели?“ и продолжува да оди кон задната врата. Девојката седеше сама во шанкот уште најмалку 45 минути пред да замине.

 

 

8.

Eден пар знаеше да седи со часови и да си кажуваат колку се привлекуваат еден со друг и да се шегуваат да се искрадат. Никогаш не мислев многу на тоа. Сè додека еден ден не видов дека госпоѓата веќе беше седната во едно сепаре свртена кон мене. Ќелавата глава на нејзиниот пријател беше свртена обратно.
Се приближив до масата, за да ги прашам „љубовните птици“ дали го сакаат своето вообичаено, кога пријателот се сврте и беше друг човек. Госпоѓата ме погледна засрамена, а тој ми спомна дека е роденден на неговата сопруга и никогаш порано не биле во мојот ресторан.

9.

Јадев во ресторан и слушнав како хостесата прашува еден пар дали се излезени за нешто посебно. Сопругот одговори: „Не, тоа е само нашата годишнина.“ Тоа го инспирираше мојот татко секогаш кога ќе излезат ако го прашаат да го кажува тоа.

10.

Брачна двојка седеше во ресторанот и во еден момент слушнав дека сопругот спомнува дека сака да се разведе. Следниот пат кога дојдов до масата, сопругата го имаше свртено столот со грб кон масата и јадеше со чинијата во скутот. Таа ми побара сметка додека сопругот очајнички се обидуваше да ја натера да се врати и да разговара со него без да предизвика сцена.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *