„Луѓето ме судат затоа што мојата сопруга, мис на Нигерија, е помлада од моите ќерки“

56-годишниот Дино ја запознал својата 27-годишна нигериска сопруга Џојселин на Инстаграм и ја поканил да го посети во САД за да помогне во изградбата на нејзиниот бренд за облека. Дино сакаше да купи од Џојселин некои работи за неколку жени со кои се забавувал во тоа време.

Таа за подкастот Love Don’t Judge изјави: „Не се состанувавме, само разговаравме за работа, но потоа се заљубивме“. Дино додава дека имало инстант хемија меѓу нив, и тој ги откачил другите девојки на кои им бил sugar daddy за да изгради живот со Џојселин.

 

„Бев самохран родител скоро 20 години“, рече Дино. „Беше многу комплицирано да се помине медицинското училиште, па едноставно беше полесно да бидам sugar daddy“. Тој излегувал со безброј девојки кои биле на факултет, а Џојселин среќно забележа дека запознала околу пет од нив. Но, сега таа го има Дино само за себе. „Имам прстен, душо“, се насмеа таа.

„Како што светот гледа на нас, јас сум бел, таа е црна. Јас сум постар, таа е помлада. Јас сум од Америка, таа е од Нигерија, и таа е убава, а јас сум … добро … јас“. – вели Дино.

 

Парот добива коментари на нивните страници на социјалните мрежи како: „Се прашувам како изгледа момчето со кое изневерува“. Дино рече: „Луѓето велат: „Таа е таму само за парите“ или „Таа ќе сака млад човек кој може да ја задоволи во спалната соба“. Мојот одговор на тоа е: „Како знаеш дека таа не е веќе задоволна? Луѓето ја обвинуваат дека е sugar baby, а јас дека сум sugar daddy, но дозволете ми да ви кажам нешто: правилата за sugar baby и sugar daddy се дека никогаш не се мажат едни со други“.

 

Ќерките на Дино сега се во раните триесетти и случајно дознале за неговиот брак со Џојселин, откако Дино објавил за венчавката на Фејсбук. Само една од нив ја запознала својата нова маќеа, но тие велат дека се среќни што нивниот татко им повеќе не се забавува со многу жени.

А Дино вели дека не му е грижа за луѓето на интернет кои го критикуваат нивниот брак. „Го живееме нашиот најдобар живот“, рече тој. „Нивните мислења не се важни“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *