„Луѓето не веруваат дека стареам природно по раѓањето на пет деца, а јас на 61 година сум фит баба и кревам по 100 кила на ден“
61-годишната Жаклин Хутон од Западен Сасекс, крева два пати повеќе од сопствената тежина и ги охрабрува жените да ја изградат својата сила. Дури и со остеоартритис, личниот тренер нема да дозволи некој да ја спречи да ги постигне своите цели.
Но, некои луѓе не ѝ веруваат, иако таа редовно ја документира својата кондиција на социјалните мрежи.

Во објава на Инстаграм , Жаклин објасни дека некои луѓе веруваат дека нема шанси да „старее природно“ кога може да крева такви тегови. Но, Жаклин е упорна да им го покаже на луѓето спротивното и таа сака да биде доказ дека напорната работа се исплати кога сакате да се одржите витки во шеесеттите години.

На Инстаграм, Жаклин напиша: „100 кг x 2 е нешто на што се гордеам денес. Тоа не е моето најдобро кревање бидејќи стисокот малку ми попушти, но сепак. Луѓето не веруваат дека физичката активност поддржува поздраво стареење. Наместо тоа, прават претпоставки и проценки и оставаат груби коментари. Но, јас не сум тука за нив, јас сум тука за ВАС. Сакам да ве поддржам, охрабрувам и инспирирам на начини да се грижите за вашето сегашно здравје и да инвестирате во вашето идно здравје. Значи, дури и ако вашиот стисок попушти, јас нема да се откажам – ќе ве навивам велејќи „Можете да го направите ова“.

Коментирај анонимно