Луѓето се во неверување како со години не знаеле за овој навидум очигледен „трик“ на машината за миење садови

Никој не сака да ги мие садовите, но мачната работа е многу полесна кога користите машина за миење садови. Сепак, голем број луѓе пријавиле дека нивните машини за миење садови всушност можат да ја отежнат работата затоа што не ги ставаат правилно нивните садови.

И тука доаѓа корисникот на Твитер, Мајк Меклафлин.

Уште во јануари, Меклафлин направи опсервација за неговата машина за миење садови што засекогаш ќе го промени начинот на кој тој ги реди садовите. Цела деценија, Ирецот мислел дека долната решетка на неговата машина за перење е едноставно премногу мала за неговите големи чинии за вечера. Потоа направил неверојатно откритие:

„Се вселив во оваа куќа во 2008 година. Секогаш ме нервираше што пониското ниво на машината за миење садови не беше доволно високо за да ги собере моите најголеми чинии за вечера. Цело ова време ги миев рачно. Оваа недела открив дека можете да ја подигнете горната решетка и сите мои чинии ми се вклопуваат добро. ДЕСЕТ ЕБАНИ ГОДИНИ!!“

Твитот стана вирален и всушност многу луѓе не знаеле дека решетките се прилагодливи.

„Не само ти брат. Во оваа куќа сум 4 години и не знаев досега“

 

Но, другите луѓе во основа беа како: „Сериозно, пријателе?“ и се пошегуваа со тоа како е возможно некој да не го знае ова. Ајде сега одете проверете ја вашата машина за садови, знаеме дека сакате.

 

  • Ramiz напиша:

    На горната решетка има дизни за прскање. Не пере беа неа шшупаци

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Ramiz Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *