Луѓето споделуваат 8 случки на љубовните состаноци кои се толку непријатни, што е тешко да се поверува дека навистина се случиле

Запознавањето е како возење на ролеркостер, тие подеми и падови се толку тешки. Особено кога ќе сретнете некого за прв пат. Да, мораме да излеземе таму и да истражуваме за да ја најдеме нашата вистинска љубов. Сепак, за овие луѓе, љубовта не била на менито за таа вечер. Наместо тоа, тие завршија со само морничава или смешна приказна за раскажување.

 

1.

Излегов на вечера со еден дечко. Нарачав бифтек малку печен откако тој нарача добро печен. Одеднаш испадна дека јас го правам помалку „маж“ со мојата нарачка и затоа и тој го смени бифтекот во малку печен. Потоа се жалеше цела вечер дека добро печен е поубав. Брат, нарачај го како сакаш!

2.

Го употреби џебниот нож за да ми исече парче торта, а потоа гребеше некоја „прљавштина“ од неговите чевли со истиот нож. Го прашав дали некогаш го има исчистено ножот, ми рече „не, зошто?“. Исто така ми кажа дека е лудо заљубен во мене истиот ден. Само што се запознавме.

3.

Излегов со девојка на вечера и таа не можеше да престане да зјапа во нашиот келнер. Јас сум машко и признавам дека келнерот беше навистина јак. Но, навистина не можев да бидам океј со тоа дека таа ќе го скршеше вратот секој пат кога ќе се отвореше вратата од кујната, за да види дали излегува тој. По некое време ѝ оставив пари за тоа што го јадев, ѝ кажав дека се приметив, ѝ предложив да му го земе контактот од сметката кога ќе плати и си заминав.

4.

Проба да ја смени мојата нарачка кај келнерката затоа што не нарачав ништо од тоа што тој препорача.

 

 

5.

Излегов на вечера со една девојка што многу ми се допаѓаше. Завршивме кај неа дома. Од нигде никаде доаѓа нејзиниот дечко, бил надвор од градот и дојде неочекувано. Јас и тој нешто направивме муабет, ама сето тоа беше чудно. Потоа и двајцата исчезнаа во друга соба. Таа се врати и ми рече „Немам место за тебе во станов. Извини“. Си отидов дома со најчудните чувства што некогаш сум ги чувствувал. Во еден момент си се изгазив од смеење.

6.

Инсистираше тој да ја плати цела сметка наместо да ја делиме и потоа воопшто не остави бакшиш. Јас пробав да оставам бакшиш, но тој се налути затоа што тој плаќал и негова е одлуката дали да остави бакшиш или не.

7.

Даваше безобразни предлози за тоа што тој мисли дека треба да правиме во моментот во ресторанот и беше толку некултурно што еден пар што седеше до нашата маса ме праша дали ми треба безбеден превоз до дома кога тој стана да оди до тоалет.

8.

Отидов на состанок со девојка што работеше во мојата канцеларија. Мислев дека имаме добра хемија и работите одеа добро. Не можеше да си го најде телефонот и пробав да ѝ звонам, па некој од ресторанот одговори. Се вратив во ресторанот за да ѝ го земам телефонот и келнерот ми покажа дека кај неа во телефон сум потпишан како „Бесплатна храна“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *