„Луѓето велат дека ова е несоодветна бикини слика со мојот 15 годишен син бидејќи с*кси позирам. Го гушкам син ми! Дали сте нормални?!“

Богатата Австралијанка, Софи Гвидолин, која кариерата ја направи со фитнес и исхрана објави фотографија за да му го честита роденденот на нејзиниот 15-годишен син.

„Среќен 15-ти Каи“ – едноставно напиша таа.

 

Но, многу луѓе кога ја видоа фотографијата ја осудија Софи дека е „непримерна“ и дека го „сексуализира“ нејзиното тело.

Софи беше разбирливо згрозена од коментарите на луѓето.

„Исто така, сакам да кажам, оние кои ме следеа некое време можеби се сеќаваат дека објавив слика во бикни со Каи и ме критикуваа поради тоа. Добрата работа што треба да се спомене овде е дека носам бикини пред моите деца бидејќи моето тело е нормално. Да се ​​има тело е нормално, да се има делови од телото е нормално, тоа не е сексуализирано, не е ништо срамно. Значи, кога ќе ме видат во бикини, не мислат ништо друго освен „Хмм, мама потемнува, мама оди на плажа, оди на капење“. Тие не ме гледаат и се како „Ооо, колку добар задник имаш“. Дали сте сериозни дека ова е секси позирање? Го гушкам син ми!“