Магарешко сирење! Најскапото сирење во светот е Српско! Посебно ќе им се допадне на мажите!

Пуле сирењето кое се смета за најскапо во светот се произведува во природниот резерват Засавица каде што управител е Слободан Симиќ кој исто така е и поранешен српски пратеник.

Засавица, именувана по реката што минува низ неа, се наоѓа на само 90 километри северозападно од Белград, но површината од 1.825 хектари била практично неоткриена. Со помош на неговите политички контакти, Симиќ го трансформирал дивото мочуриште во природен резерват во 1997 година.

Три години подоцна, Симиќ бил на саем во блискиот град Рума и видел малтретирани магариња. Веќе не биле потребни за работа или превоз, тие биле тепани и во лоша состојба. Имал идеја да ги спаси и да ги донесе во Засавица. Денеска 180 магариња обележани со крстови на грбот, талкаат по зеленото мочуриште.

Овој малку познат деликатес од Србија, направен со млеко за кое се верува дека го забавува процесот на стареење и ја зголемува мажественоста, е најскапото сирење во светот. Тоа се продава по 1300 долари за килограм. Едно парче со големина на кекс би се продавало за 50 евра.

Магарешкото млеко нема доволно казеин за да се направи сирење, па го компензирал со додавање козјо млеко во смесата. Добитната формула се покажа дека е 60% магарешко и 40% козјо млеко.

Поконкретно сирењето е скапо поради екстремно нискиот млечен принос на магарицата (женско магаре): само 300 милилитри дневно. А за да се направи 1 литар сирење потребни се 25 литри млеко. Богато со витамини и минерали, се верува дека магарешкото млеко го забавува процесот на стареење и се користи како зајакнувач на имунитетот на Балканот уште од античко време. Клеопатра наводно дури и се капела во него. Исто така, се тврди дека ја зголемува мажественоста.

„Пиете млеко па одите да спиете со жената“ – се пошегува Симиќ.

Засавица продава и козметика од магарешко млеко, како што се сапун од магарешко млеко и креми за лице против стареење, кои содржат есенцијални масни киселини и високо ниво на витамин А.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *