Мајк Тајсон сподели шокантна приказна за како го фатил Бред Пит во кревет со неговата поранешна сопруга и како Пит го молел да го не го удира

Мајк Тајсон тврди дека ја нашол својата поранешна сопруга во кревет со Бред Пит додека траел нивниот развод, велејќи дека холивудскиот актер се „плашел“ од него.

 

Актерката Робин Гивенс и боксерската легенда Мајк Тајсон се венчаа во февруари 1988 година, но се разведоа само една година подоцна.

Нивната врска беше крајно неуредна. Двете страни се обвинуваа една со друга, а Гивенс како причина за разводот од боксерот ги наведе „стравовите за нејзината безбедност“.

Години подоцна, Тајсон – кој треба да се соочи со Џејк Пол во јули – напиша во своите мемоари од 2013 година „Undisputed Truth“ дека Робин имала афера со Бред додека тие биле во брак, што Гивенс негираше.

Тој напиша ги видел Гивенс и Бред Пит во автомобил пред нивната куќа, а тврди дека ги фатил заедно во кревет во друга прилика.

Мајк тврдеше дека Бред – за кој неодамна беше објавено дека ќе се појави во последниот филм на Квентин Тарантино, „The Movie Critic“ – го молел да не го повредува, велејќи: „Друже, не ме удирај, не ме удирај“.

Тој напиша: „Требаше да го видите изгледот на неговото лице. Изгледаше како да е подготвен да ги прими своите последни обреди“.

За време на гостувањето во емисијата „In Depth “ со Греам Бенсинџер, тој повторно ја раскажа случката објаснувајќи дека плудел кога ги фатил Пит и неговата поранешна сопруга.

Тој рече: „Требаше да го видите неговото лице кога ме виде. Требаше да се разведам, но секој ден одев кај неа дома за да имам секс со неа. Овој ден како некој да ми направи нокаут. Претпоставувам дека Бред Пит стигна таму порано од мене“.

 

Но, одговарајќи на смелите тврдења на боксерот, Гивенс во друга емисија изјави: „Не ја прочитав неговата книга. Тој нѐ виде во автомобил. Мислев дека рече дека нѐ фатил во кревет. Не ја прочитав книгата, но ми рекоа дека рече дека нѐ фатил во кревет, што никогаш не се случило. Никогаш, никогаш, никогаш не се случило“.

Таа, исто така, појасни дека таа и Пит биле во автомобилот „се враќале од проекција или нешто слично“.

Што се однесува до тврдењата на Тајсон дека актерот го молел да не го удира, Гивенс се насмеа.

„Дали тоа звучи како Бред?“ праша таа.

И, додека Гивенс и Пит се забавуваа во одреден момент во 80-тите, таа негираше дека некогаш му била неверна на Тајсон.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *