Мајка и син чекале автобус, а на полицаецот му пукнал филмот (виц)

На автобуска станица жена со дете чека автобус. На станицата стои и еден полицаец. Детето постојано плаче:

– Мамо, мамооо, кога веќе еднаш ќе дојде автобусот?
– Чичкото го пере автобусот, сине, стрпи се, сега ќе дојде.

Стојат уште половина час, а полицаецот си шета наоколу, кога детето повторно прашува:

– Мамо, го испра ли чичкото автобусот?
– Да, сине, само уште да го поправи и ќе дојде.

Чекаат уште половина час, па детето пак:

– Па, го поправи ли?
– Да, сине, само уште да го офарба и еве го.

Во тој момент полицаецот ја фрла капата на земја и вика:

– Е СЕГА НАШОЛ ДА ГО ФАРБА!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *