Мајка ја сподели својата превкусна пица „прсти да излижеш“, но никогаш нема да погодите од што е направена

Австралијката, наречена Шантел ја сподели својата пица која што не е како секоја друга. Затоа што всушност е направена од колачи со јаболка и цимет. Таа објасни дека користела готови колачи со чај од јаболка и цимет.

Шантел ги сподели резултатите од нејзината „уметност“ и напиша: „Знаеш дека добро функционира кога дечко ти ја гледа и вели „купи ли пица?“

 

Шантел го сподели нејзиниот едноставен метод за правење пица торта:

  • Три готови колачи со чај од јаболка и цимет купени од маркет
  • Џем од јагоди
  • Желе бонбони
  • Ролни бонбони
  • Сушени парчиња манго
  • Сладок корен или Црн Тасев биле (тревно растение од кое се вади корен со сладок вкус, кој се користи во храната, особено како зачин, за ароматизирање на одредени јадења)
  • Пеперминт со чоколадо (нешто како After Eight благите)
  • Рендан кокос
  • Карамелизирано бело чоколадо

 

МЕТОД

1. Исечете ги краевите од готовите колачи и згмечете ги во тркалезна форма.

2. Остатокот што го исековте искористете го како кора за пицата.

3. Ставете џем од јагоди преку колачите како основа од домати.

4. Користете ги слатките ролни за салама и зелен пипер, а сушени парчиња манго за жолт пипер.

5. Исечете го црниот сладунец (сладок корен) и издлабете го со сламка за да ги направите маслинките.

6. Изгребете го и обликувајте чоколадо од нане за печурки.

7. За кашкавалот изрендајте карамелизирано бело чоколадо и кокос.

 

  • Buckurus напиша:

    Kaskaranica

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *