Мајка на 14 деца откри колку трошат месечно на неопходни работи за домаќинството: „Пуштам машина за перење 20 пати неделно!“

Мајка од јужна Калифорнија вели дека троши повеќе од 75.000 долари годишно на храна, хипотека, комунални услуги, облека и други основни работи за нејзиното семејство, како што е детергентот за перење – таа пушта машина 21 пат неделно!

„Потребни ни се минимум 6.000 долари месечно. Купувам на попусти во маркети, наоѓам добри зделки и го користам мојот угостителски бизнис за да купувам на големо“, објасни 48-годишната Сара Волфграм.

 

Волфграм вели дека секој месец дава 2.700 долари на хипотека, 1.200 долари за храна, 2.000 долари за сметки и 400 долари за неопходни работи.

Волфграм и нејзиниот сопруг музичар Хаини (56) имаат 10 ќерки: Ева 27, Изабела 24, Тихане 23, Нора Меј 18, Хејзел 17, Мери 13, Ваке 11, Сарија која почина во 2014 година на 3 месеци, Лине 8 и Џој, 6.

Двојката има и четири сина: Хајнрих (26), Абрахам (21), Маикели (20) и Весли (15).

Тие се заедно 30 години и самите потекнуваат од големи семејства и секогаш сонувале да имаат многу деца.

Семејството живее во куќа со шест спални соби и три бањи заедно со родителите на Сара, Карл Кнап (74) и Лин Кнап (73).

„Имаме ресурси од пошироко семејство – тетки, чичковци и братучеди – кои секогаш со задоволство помагаат“, рече Сара.

 

 

Сара ги школува децата дома и успева да најде време да готви вечера секоја вечер.

„Готвам само еден оброк на ден. Вечерата ја поставувам на шанкот и децата можат да земат кога и да посакаат“, вели таа.

 

За финансиите во домаќинството, Сара известува дека постарите деца сами се грижат за телефонските сметки и ако сакаат нешто што не е во буџетот како нова маица, сами си го плаќаат.

Сара – која вели дека „породувањето е како возење велосипед“ – претпоставуваше дека ќе престане да има деца после 12-тото. Но, нејзиното 12-то дете, Сарија, почина од синдром на ненадејна смрт на доенчиња (СИД) на само 3 месеци.

„Сарија беше нашето прекрасно девојче. Кога дојде таа на светот помислив дека завршив со деца. Но, еден ден таа заспа во прегратките на мојот сопруг додека јас печев торта. Ја спушти во креветчето, а кога ја проверивме, таа не дишеше. Тоа ги скрши сите наши срца. Таа беше најмладата во семејството и го потресе целиот наш свет само сознанието дека еден од нас може да биде земен за миг“.

 

„Набргу после тоа, бев благословена со моето бебе, Лина“, сподели Сара. „Таа стави виножито над сите наши скршени срца. Претпоставувавме дека сме готови“.

Но, тогаш бебето Џој пристигна кога Сара имала 42 години.

„Знаеме дека моите најмали деца беа испратени од Сарија, која е горе на небото, и сите се чувствуваме утеха знаејќи дека имаме ангел од другата страна кој нѐ чува“,.

  • Danilo напиша:

    Mormonska sekta zenite im se kako fabriki za deca hahahaha !

  • Jaс напиша:

    Не се за жалење ваквите а не се ниту нормални според мене. Ваквите појави се својствени за некои други животински видови, никако за човечкиот вид. Можеби грешам незнам.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *