Мајка останала во шок откако син ѝ кажал на учителката што „работи“ таа

Една од најголемите радости – и стресови – на родителството е тоа што никогаш не знаеш што ќе излезе од устата на твоето дете. Особено кога се мали, љубопитни и без филтер – можат да кажат нешто што ќе те засрами до коска, иако ним им изгледа сосема нормално.

Токму тоа ѝ се случи на TikTok инфлуенсерката Аурора МекКасланд (@auroramccausland), позната по нејзините видеа за чистење и „направи сам“ трикови. Таа раскажа приказна што ги насмеа милиони – за моментот кога сфатила што точно ѝ кажал нејзиниот син на учителката во градинка.

 

Мајка останала во шок откако син ѝ кажал на учителката што „работи“ таа

„Мама снима видеа во спалната соба… ама само кога мене ме нема дома“

„Отидов да го земам петгодишниот син од школо, и учителката ми вели: ‘Денес сакашe да ни каже што работи мама. Рече: Мама снима видеа во нејзината спална соба… ама само кога мене ме нема дома’“, раскажа Аурора.

„Можеш да си замислиш нејзиното лице. Изгледаше како земјата да се отвори под неа. Коментарот звучеше… погрешно – како да снима нешто за возрасна публика, додека детето не е дома. А тоа, разбирливо, никој родител не би сакал да го слушне од учител“.

Среќа во несреќа – една друга учителка веднаш дообјаснила: „Мислам дека прави TikTok видеа.“ Така ситуацијата барем малку се расчистила.

„Сега треба да разговарам со син ми – како да им објаснува на луѓето што точно работам“, завршува таа во видеото, кое стана вирално со над 1.7 милиони прегледи.

 

И други родители споделија бизарни изјави од своите деца

Не беа малку оние кои се пронајдоа – коментарите беа лавина на слични случки:

„Синот ми им кажал дека сме бездомници – само затоа што не сме сопственици на станот, туку го изнајмуваме.“
„Работам во ортопедија. Ќерка ми кажала дека крадам колена на луѓе – слушнала дека зборувам за операција.“
„Синот ми кажал дека живееме во crack house. Всушност, само има пукнатинка од кваката на ѕидот.“
„Мојот сопруг е дилер… на карти во казино. Синот: ‘Тато е дилер!’“
„Внука ми кажала дека мама и тато работат во wh*re house. Всушност работат во courthouse – судница.“

И други родители споделија бизарни изјави од своите деца

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *