Мајка со својот интересен уред- „кутија за топол ручек“, предизвика вознемиреност кај родителите: „А, чекај, дали е ова сирово месо?“

Посветена мајка предизвика жестока дебата на интернет откако го сподели високотехнолошкиот гаџет што нејзината ќерка го носи на училиште за да ужива во топол спакуван ручек секој ден.

Жената објавила на „Фејсбук“, каде што споделила фотографија од преносливиот „гаџет“ со грејач за храна, за кој вели дека ја чува храната на нејзиното дете топла до шест часа.

 

 

Додека многумина беа импресионирани од овој „фенси“ уред, други беа збунети од содржината на ручекот на нејзината ќерка, што многумина го споредија со сирово пилешко,  или преработено свинско.

Жената, наречена Менди, објавила: „Мојата ќерка сака топла храна и ги носи топлите оброци во училиште секој ден со својот електричен сад за храна, кој може да и ја одржува храната на температура над 60 степени Целзиусови најмалку шест часа со само обичен „power bank“.
„Така може да ја јаде топла цврстата храна, како ориз и шпагети. Иако шпагетите или оризот се чуваат повеќе од шест часа, шпагетите нема да бидат премногу меки, а оризот нема да биде тврд. Нејзината учителка, исто така, праша зошто нејзиниот дневен оброк изгледа толку добро“.

 

 

Уредот што го нашла Менди е од кинеска компанија, но вели дека слични може да се најдат на „Амазон“ за отприлика 90 евра. Додека многумина беа импресионирани од вештиот гаџет и напишаа работи како „прекрасно“ и „зошто не помислив на ова?“, други беа малку збунети.

„Дали е тоа сирово пилешко на тестенини?“, напиша едно лице.

Другите брзо скокнаа во одбрана на Менди и објаснија дека тоа е „дефинитивно лосос“.

„Тоа е очигледно варен лосос“, напиша друго лице.

Електричните загреани кутии за ручек имаат голем број функции, вклучувајќи готвење ориз, јајца и одржување на топла храна. Тие брзо и подеднакво ја загреваат храната и со сигурност е дека се лесни за употреба, како и лесни за чистење.

  • Некој/ некоја напиша:

    Мене ми личи на шунка.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *