Мајкл Џордан откри дека НЕ ја одобрува врската на неговиот 32-годишен син со 48-годишната бивша жена на еден познат Американски кошаркар, иако таа тврди дека тој ја одобрува

Поранешната жена на Скоти Пипен, Ларса Пипен, претходно се фалеше за тоа како семејството на Маркус Џордан ја одобрува нивната врска, која започна во септември 2022 година – но легендата на НБА, 60, ги отфрли тие тврдења.

Во видеото во кое ѕвездата, која вечераше со сопругата Ивет Прието (44), која случајно исто така дели 16-годишна разлика со спортистот, беше прашан за неговите размислувања за романсата на парот, на што тој се насмеа.

Кога беше притиснат дали ја одобрува врската, Мајкл изјавил: „Не!“

Ова признание е во спротивност со коментарите на Ларса која тврдеше како сите се во ред со тоа: „Поминавме празници заедно и тоа е добро. Ние сме на одлично место“,

Ова доаѓа откако Ларса и Маркус дадоа интервју: „Дозволувам луѓето кои се дезинформирани да бидат дезинформирани“, рече Маркус. „Се чувствувам како луѓето да ги гледаат нашите презимиња и веднаш сакаат да имаат некаква реакција или мислење. Но, чувствувам дека како што луѓето нè запознаваат и ги разбираат нашите ситуации повеќе, тие се многу посреќни за нас и само сакаат да не видат да живееме во нашите вистини и да бидеме среќни“.

Мајкл Џордан освои шест НБА шампионати за Чикаго Булс со поранешниот сопруг на Ларса, кошаркарскиот великан Скоти Пипен.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *