Македонец и Бугарин на кино (виц)
Македонец и Бугарин седат еден до друг во кино.
Таман пред паузата, на екранот се појавува кактус, а во далечината се гледа каубој како се приближува. Се пали светлото.
Македонецот му вели на Бугаринот:
– Ајде да се кладиме дека каубоецот ќе се удри во кактусот!
Бугаринот веднаш:
– Е нема шанси да биде толку глуп, ајде да се кладиме!
Се договараат по филмот да одат во кафана на ракија — кој ќе изгуби, тој плаќа.
По паузата продолжува филмот… каубоецот се удира во кактусот и Македонецот победува.
Така двајцата завршуваат во кафана, пијат по неколку ракии и стануваат искрени.
Македонецот му вели на Бугаринот:
– Слушај комшија, искрено, кладбата не беше фер. Јас филмот го гледам втор пат.
Бугаринот го гледа збунето и му вели:
– Абе и јас го гледам втор пат, ама си велам нема да е толку глуп 2 пати да се удира во истиот кактус!

Коментирај анонимно