Македонец и Бугарин на кино (виц)

Македонец и Бугарин седат еден до друг во кино.
Таман пред паузата, на екранот се појавува кактус, а во далечината се гледа каубој како се приближува. Се пали светлото.
Македонецот му вели на Бугаринот:
– Ајде да се кладиме дека каубоецот ќе се удри во кактусот!
Бугаринот веднаш:
– Е нема шанси да биде толку глуп, ајде да се кладиме!
Се договараат по филмот да одат во кафана на ракија — кој ќе изгуби, тој плаќа.
По паузата продолжува филмот… каубоецот се удира во кактусот и Македонецот победува.
Така двајцата завршуваат во кафана, пијат по неколку ракии и стануваат искрени.
Македонецот му вели на Бугаринот:
– Слушај комшија, искрено, кладбата не беше фер. Јас филмот го гледам втор пат.
Бугаринот го гледа збунето и му вели:
– Абе и јас го гледам втор пат, ама си велам нема да е толку глуп 2 пати да се удира во истиот кактус!

  • Aleksander the Great напиша:

    Летаат Македонец и Бугарин со авион. Авионот се расипува и пилотот им кажува, има два падобрани, еден од нас мора да се жртвува. Бугаринот била ок, ја ќе се жртвувам, вие одете. Му го става на Македоноцет падобранот, овој рипа, му го става и на пилотот, овој сака да рипне, ама Бугаринот му вика, чекај бе, помогни ми мене да го ставам падобранот. Пилотот вика, од каде уште еден падобран, два беа? Бугаринот вика, а бе, на Македонецот му го дадов ранецот.

  • Trajco.todorov напиша:

    , nie Makedonicite sme mnogu pametni damo vo vicevite

  • Аце Македонски напиша:

    Се враќа детето од училиште и му се жали на таткото … Му вика тате добив на тестирање единици по физика , математика и бугарска историја. А таткото одговара добро ајде математика тешко е, физика тешко е ама по бугарска историја да добиеш единица стварно чудно е. Бугарската историја е една реченица 😅

  • Гоце напиша:

    Проста реченица

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Aleksander the Great Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *