Македонец се скарал со Бразилец во автомобил во Црна Гора – завршиле надвор од патот, па продолжиле со тепачка

Несекојдневна сообраќајна несреќа се случила во Зета, Црна Гора, кога Mercedes излетал од патот, ги пробил заштитните столпчиња и завршил на работ од канал. Според Portal Zeta, возачот бил државјанин на Македонија, а неговиот совозач бил Бразилец.

Според очевидци, двајцата се скарале додека автомобилот бил во движење, а совозачот во еден момент го фатил и го свртел воланот, по што возачот изгубил контрола. Драмата не завршила со несреќата – двајцата излегле од автомобилот и продолжиле со физичка пресметка покрај патот, по што полицијата ги привела.

Порталот, повикувајќи се на неофицијални информации, наведува и дека двајцата биле под дејство на алкохол. За среќа, во несреќата немало повредени, а причинета била материјална штета на автомобилот и патната инфраструктура. Точните околности допрва треба да ги утврдат надлежните органи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *