Македонец учи боречки вештини во Тајланд (виц)

Отишол еден Македонец во Тајланд да учи тајландски кик бокс како Жан Клод Ван Дам. Поминала една година и го прашува учителот:
– Учителу, зошто не напредувам во боречките вештини?
– Ти си видел ли некогаш како галебот лета над блескаво зајдисонце?
– Да, учителу!
– Дали си видел како водопадот удира во карпата, но не ја крши?
– Да, учителу!
– А си видел ли како полжавот полека и трпеливо лази додека не се искачи на врвот на планината?
– Да, учителу!
– Е па затоа не напредуваш! Само зјапаш лево-десно, наместо да тренираш!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *