Македонецот кој ја освојува Малта со домашни вкусови: Успешната приказна за трите Мама’с Шугар ресторани наскоро и во Скопје

Постојат приказни кои почнуваат тивко – без фондови за иновации, без инвеститори, без поддршка. Само еден човек, едно семејство и убеденост дека чесната работа некогаш ќе се исплати. Приказната на Ален Осман е точно таква. Тој речиси десет години живее на Малта, почнувајќи од нула, за денес да биде сопственик на препознатлив бренд со три ресторани и соништата да ги претвора во реалност.

Македонецот кој ја освојува Малта со домашни вкусови: Успешната приказна за трите Мама'с Шугар ресторани наскоро и во Скопје

Доаѓање без сигурност и почеток од нула во непозната земја

Ален пристигнува на Малта во 2016 година без гаранции, без познати, само со познавање од угостителството и силна дисциплина.
„Не дојдов со големи ветувања или гаранции. Дојдов со реални очекувања: да работам напорно, да учам и да се адаптирам.”
Малта тогаш беше во раст – туризмот цутеше, а угостителството бараше луѓе. Ален почна од дното: долги смени во хотелски кујни, прилагодување на нова култура, далеку од семејството.
“Најголемиот предизвик беше да се адаптирам на новата култура, долгите работни часови и да бидам далеку од семејството. Но она што ме одржуваше беше дисциплината и верувањето, верувањето дека конзистентноста и професионализмот на крај ќе отворат врати.”
За него, готвењето никогаш не било само работа, туку љубов и посветеност.

Доаѓање без сигурност и почеток од нула во непозната земја

Долгорочна дозвола за престој донесе стабилност и инспирација за нешто свое

Во 2021 година, по пет години живот и напорна работа на Малта, Ален добива долгорочна дозвола за престој. Ова не беше само административна промена, туку му донесе вистинска стабилност.
„До тогаш, мојата иднина се чувствуваше условна – секогаш зависна од дозволи, обновувања, краткорочно планирање”, вели тој.
Долгорочниот статус носи јасност:
„За прв пат можев да планирам години напред, а не само месеци.”
Тогаш се раѓа идејата за негов личен бизнис.

Долгорочна дозвола за престој донесе стабилност и инспирација за нешто свое

Трилече со карамел беше почеток на гастрономско патување и создавање на Mamma’s Sugar

Во 2022 година, со заштеди, искуство и многу ризик, семејството на Ален го отвора првото Mamma’s Sugar. Идејата се развивала постепено од желба да се создаде нешто лично и топло, инспирирано од домот и традицијата.
„Mamma’s Sugar е инспирирана од идејата за дом, традиција и конзистентност, заедно со семејството.”
Првиот специјалитет што го пробал првиот гостин бил трилече со карамел. Овој момент го означи почетокот на патувањето. Концептот не се базира на трендови:
„Клиентите треба точно да знаат што добиваат – висок квалитет, свежа подготовка и ист вкус секојпат, без разлика од локацијата.”

Трилече со карамел беше почеток на гастрономско патување и создавање на Mamma's Sugar

Mamma’s Sugar на три локации, принципот на инклузија и бизнис кој вработува и лица со посебни потреби

Денес Mamma’s Sugar работи на три локации низ Малта и го проширува концептот со Mamma’s Brunch & Burgers кој има уникатно мени со бургери, бранч комбинации и меѓународни јадења. Десертите како карамел трилече и тортите се омилени меѓу туристите, додека домашната публика ја бира кујната за богатото мени. Но брендот е повеќе од ресторан: тимот е мултикултурен, а значителен дел од вработените се лица со посебни потреби. За Ален, инклузијата не е маркетинг, туку вистински начин на работа.

Mamma's Sugar на три локации, принципот на инклузија и бизнис кој вработува и лица со посебни потреби

Mamma’s Brunch & Burgers наскоро отвора ресторан во Скопје и планира експанзија низ Европа

Потврдено е дека Mamma’s Brunch & Burgers најави отворање во Скопје, чекор што значи враќање на македонските вкусови дома, збогатени со знаење од светот. Се планира и пошироко проширување во Европа во 2026 година, како и ширење преку франшизи за сите кои го делат истиот пристап кон квалитет и автентична храна.

Mamma's Brunch & Burgers наскоро отвора ресторан во Скопје и планира експанзија низ Европа

  • Dzenoveze напиша:

    👏🏼👏🏼👏🏼be osmane teraj napred samo

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Dzenoveze Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *