Македонија е втора во Европа во баскет: Сребро со златен сјај за баскетџиите на Македонија на ЕП

Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски се имињата на момчињата кои го направија историскиот резултат за Македонија на Европското училишно првенство во баскет 3х3 во Белград.
Со настап што ќе остане запишан како прво вакво учество за македонски тим на ова натпреварување, тие се вратија со сребрен медал и со чувство дека на теренот оставија се што имаа.

Историјата е испишана: Сребро со златен сјај за баскетџиите на Македонија на ЕП

22:18 за Англија во мечот во кој Македонија се бореше до последната секунда

Во решавачкиот натпревар, македонските баскетџии одиграа уште еден неверојатно храбар дуел. Англија беше подобра, но нашите момци не се предадоа ни во еден момент, борејќи се достоинствено и оставајќи срце на теренот.
Среброто дојде во силна конкуренција, а неговата тежина е уште поголема затоа што Македонија првпат настапи на Европско првенство во баскет 3х3 и веднаш стигна до медал.

22:18 за Англија во мечот во кој Македонија се бореше до последната секунда

Осум натпревари за четири дена, седум победи и еден пораз

За Белград тргнаа скромно, но најавија дека ќе ја претстават Македонија во најдобро светло. И така беше: на теренот беа вистински лавови, а со својата игра ги освоија симпатиите на сите.
„Црвено-жолтите“ триумфираа против Молдавија, Хрватска 2, Црна Гора, Хрватска 3, Србија 1, Хрватска 1 и повторно против селекцијата на Хрватска 2. Меѓу тие победи беше и драматичниот успех против домаќинот Србија со 17:16.

Осум натпревари за четири дена, седум победи и еден пораз

„Вие сте наша гордост и наши шампиони“

Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојановски и Филип Алексовски ја исполнија македонската спортска јавност со искрена радост. Нивниот настап покажа дека големите резултати често почнуваат таму каде што спортот е најчист: во училиштата.
„Федерацијата на училишен спорт на Македонија им го честита овој голем успех. Шампионите се раѓаат токму во училишниот спорт, затоа како Федерација ќе продолжиме посветено да вложуваме во нашата иднина за подобро утре во спортот. Ви благодариме момци за овие прекрасни моменти, вие сте наша гордост и наши шампиони“, порачаа од Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

„Вие сте наша гордост и наши шампиони“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *