Македонија ќе биде главна тема во следната епизода на Симпсонови со премиера на 27 април

Топ вест за сите љубители на анимираните серии и националната гордост – Македонци ќе бидат дел од новата епизода на „The Simpsons“! Епизодата со наслов „Abe League of Their Moe“ ќе се емитува во недела, на 27 април 2025 година, во 20:00 часот по американско време (понеделник, 2:00 наутро по македонско време) на телевизијата FOX.

Во оваа епизода, Гранпа Симпсон и Мо Сизлак здружуваат сили во неочекуван спортски потфат: во Спрингфилд доведуваат талентиран бејзбол играч од Македонија, кој набрзо станува сензација. Но, додека се обидуваат да го изградат тимот и да го зачуваат духот на играта, нивното пријателство се става на испит.

 

Она што ја прави епизодата уште поспецијална за нас е што зад неа стои и македонски придонес! Невена, заедно со нејзиниот брат Наум и сестра ѝ Калина (која е дел од едукативниот детски канал Дарко Биберко), учествувале во преводот и подготовката на дел од сцените, а тројцата ја испеале и македонската верзија на една песна од епизодата. Невена дополнително имала и консултантска улога при изработката.

Со оваа несекојдневна и забавна епизода, „The Simpsons“ уште еднаш покажуваат зошто се толку легендарни – спојуваат хумор, култури и големо срце во едно уникатно ТВ-искуство. А ние, во понеделник рано наутро, ќе навиваме за нашите „Springfield Isotopes“ – и за Македонците што сега се дел од телевизиската историја!

 

 

  • O напиша:

    Ne ste normalni… budala kanal ste

  • zarkovski напиша:

    Овие се веќе трета генерација родени во Америка и не ни знаат каде е Македонија, ниту на карта да ја покажат…
    Котецу подобро зборува македонски од нив!!!

  • Васе напиша:

    З’ш толку негативни коментари, не ми е јасно! Ние македонците и на убавото не знаеме да се радуваме!
    Во серија која се емитува од 1989 година, со снимени 37 сезони и 848 епизоди, светски позната, за 1 пат се појавува лик од Македонија, тоа е едноставно фантастична вест!
    Инаку, нема врска која генерација се! Ако јазикот се негува и се пренесува, не се заборава!
    Баш деновиве во Скопје, дојде 2 генерација на другар (ќерка) кој се исели во Швајцарија пред 30 години. Има сопствена ИТ компанија и баш разговарав со неа, одлично говори: македонски, италијански, француски, германски и англиски јазик!
    Да цркнат душманите!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *