Македонска девојка на денот: Мина Блажев

Мина Блажев е млада, надежна македонска пејачка, која својата кариера ја започна уште во тинејџерските години. Нејзини најпознати песни се: „Во други души“, „Не можам без тебе“ и „Кобра“, а сега е актуелна и по тоа што работи на новиот проект „Македонијо во срце те носиме“ и ја интерпретира старата македонска етно песна „Море сокол пие“.

Освен со нејзиниот глас, таа фасцинира и со нејзината убавина, па можеме да кажеме дека ја има добитната комбинација за многу успех во иднина. На „Инстаграм“ таа може да се пофали со околу 21.000 следбеници, а доколку ги погледнете нејзините фотографии, можете и да сфатите зошто.

Нам ни се допаѓа она што Мина го прави и затоа ја поддржуваме и будно ќе ја следиме.

Фотографиите се позајмени од нејзиниот „Инстаграм“ профил.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *