Македонска девојка на денот: Наташа Петровиќ
Наташа Петровиќ е македонска актерка која веќе долги години ја гледаме на малите екрани и театарските сцени низ Македонија. Своето филмско деби го остварува во филмот „Сенки“, а потоа како да им нема крај на нејзините проекти. Добитничка е на неколку интернационални награди и беше дел од филмот „Како да не сум таму“ кој беше еден од интернационалните кандидати за наградата „Оскар“.
Таа е миленик и на помладата генерација љубители на театарот, поради сите улоги кои ги има одиграно во „Театарот за деца и младинци“ во Скопје.
Нам ни се допаѓа она што Наташа го прави, па затоа и посакуваме успех во сите нејзини идни проекти!
Фотографиите се позајмени од нејзиниот „Инстаграм“ профил.
https://www.instagram.com/petrovikj/
Коментирај анонимно