Македонска Крипто Конференција #3 на 6 септември во МКЦ Скопје

Скопје ќе биде домаќин на Македонска Крипто Конференција #3 (МКК3) – прв настан од ваков формат во земјата, посветен на блокчејн технологијата, дигиталните валути и иднината на Web3.

Конференцијата ќе се одржи на 6 септември 2026 година, во Младинскиот Културен Центар (МКЦ), Кино Фросина, со почеток во 10:00 часот. Влезот е бесплатен, а бројот на места е ограничен на 300.

Настанот ќе го води стенд-ап комичарката Надица Петрова, а е во заедничка организација на Крипто Гемиџија — најголемата крипто едукативна заедница во Македонија, и Мотика.

Говорници и теми

Антонио Ѓоргиев (Крипто Гемиџија) — Токенизација на финансиските пазари
Катерина Смиљковиќ (IPrio) — Интелектуална сопственост на блокчејн
Давор Илиев (Мотика) — Интеррегнум на нашето време
Никола Котели — Практична примена на блокчејн технологијата во DePIN
Филип Ташковски — Интеграција на блокчејн технологијата и тројното сметководство за зголемување на транспарентноста во ревизијата
Давор Бошкоски (основач на ArtChain) — Why NFTs Matter — NFT наспроти традиционална автентикација на уметност
Кристи Фунду (Egnatia Mir) — Нов мајнинг циклус, нови можности

Панел дискусии

Вештачка интелигенција и крипто – практична анализа на AI интеграцијата во Web3: кои проекти реално функционираат денес, како да се имплементира технологијата, и колку е реално развиена во моментов

Токенизација на реалниот свет – визија за децентрализирана иднина каде физичките средства стануваат дигитални токени, како технологијата ги отклучува глобалните пазари и овозможува заедничка сопственост

Технички фокус

Настанот е замислен да ги премости техничката и пошироката публика, говорите се дизајнирани да бидат разбирливи и за луѓе без предзнаење за блокчејн технологијата, додека панел дискусиите навлегуваат подлабоко во практичната примена на технологијата.

Дополнителни информации

Секој регистриран учесник добива бесплатен прирачник за крипто почетници.
Настанот вклучува хуманитарна компонента – доброволни прилози за Здружението на ветерани „Братство”
Регистрацијата е отворена на mkk.mk

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *