Македонската боксерска репрезентација оди во Америка (виц)

Двајца комшии од иста зграда редовно си пиеле ракија навечер. Едниот бил касап, а другиот тренер на македонската боксерска репрезентација. Една вечер, така од збор на збор, тренерот кажал дека за една недела заминува со репрезентацијата во Америка.
Касапот веднаш почнал да го моли:
— Абе комши, ако има некаква шанса, земи ме и мене. Никогаш во животот не сум излегол од Македонија.
Тренерот се позамислил, испил уште една ракија и му рекол:
— Знаеш што, комши… тамам те гледам, можеш да завршиш работа. Баш боксерот во тешка категорија ми е болен, па можам да те ставам на негово место. Ама ќе мора да излезеш во рингот.
— Ако е за тоа, нема гајле — рекол касапот.
Речено — сторено. Стигнале во Америка и кога дошол ред касапот да излезе во рингот, тренерот му дал последни инструкции:
— Само пази да не паднеш на земја. Ако издржиш на нозе, ќе изгубиме само на поени. Јасно?
— Ич да не се секираш за тоа — рекол касапот.
Почнала борбата. Поминала првата рунда, почнала и втората. Касапот само се криел, ги трпел ударите јуначки, ама не враќал ниту еден удар. И покрај целиот ќотек, останал на нозе.
На паузата тренерот нервозно го прашал:
— Абе, Пеце, не можеш ли барем еднаш да го удриш?
— Епа што не ми кажа, бе комши… од преѓе ме нервира мајмунов!
Почнала третата рунда. Не поминале ни 15 секунди, касапот замавнал еднаш и Американецот се испружил на подот и почнал да се тресе.
Судијата почнал да брои до десет, а касапот го прашал тренерот:
— Што прави овој бе?
— Така е по правило, мора да брои до десет за да му даде шанса да стане.
Касапот се насмеал и рекол:
— Кажи му да не си го губи времето. Јас со оваа рака бик убивам… па овој ли ќе стане?

  • …… напиша:

    Ova ne se vicovi, ova se esei, romani, kratki prikazni. Olabavete malku

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на …… Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *