Македонски политичар оди во посета кај својот грчки колега (виц)
Отишол еден македонски политичар во посета кај својот грчки колега.
Кога стигнал, останал без зборови – огромна вила, базен, луксузни автомобили…
Го прашал:
– Како успеа да го стекнеш сè ова?
Грчкиот политичар му рекол:
– Го гледаш ли оној мост таму?
– Го гледам.
– Требаше да биде широк 20 метри, а јас го направив 15. Парите за тие 5 метри… ете ги, пред тебе.
Следната година Гркот дошол во посета кај македонскиот политичар.
А таму – трипати поголема вила, повеќе луксуз…
Изненадено го прашал:
– Како успеа за само една година да стекнеш сè ова?
Македонскиот политичар се насмевнал и рекол:
– Го гледаш ли оној мост таму?
– Не го гледам…
– Ееее..


Коментирај анонимно