Македонски продавач сакал да се мајтапи со Кинез, ама не знаел со кого си има работа (виц)
Сопственик на една продавница не сакал Кинези, па на секој начин се обидувал да ги понижува. Еден ден дошол Кинез и прашал:
– Имате „Whiskas“? Ми треба за мојата мачка.
– А каде ти е мачката?
– Мачката ја оставив дома, не ја носам со мене во продавница.
– Ако ја донесеш, ќе ти продадам „Whiskas“.
Кинезот не бил воодушевен, но бидејќи немал избор, отишол по мачката. Кога се вратил со неа, го добил „Whiskas“.
Два дена подоцна истиот Кинез повторно дошол во продавницата:
– Сакам да купам „Pedigree Pal“ за моето куче.
– А каде ти е кучето? Без него ништо нема да ти продадам!
– Ама не можам да влегувам во продавница со куче!
– Без кучето не се враќај!
Кинезот се вратил со кучето и го добил „Pedigree Pal“.
Следниот ден Кинезот дошол со хартиена кеса во раката и рекол:
– Господине, ставете ја раката во кесата.
– Зошто?
– Господине, само ставете ја.
Продавачот ја ставил раката во кесата.
Кинезот прашал:
– Господине, пипнете! Меко?
– Да.
– Топло?
– Да.
– Јас сакам да купам тоалетна хартија.


Коментирај анонимно