Македонските математичари со блескав успех на ЈБМО 2025 во Струга

Двата тима што ја претставуваа Македонија на 29-та Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО) остварија значаен успех, освојувајќи вкупно осум медали – два сребрени и шест бронзени. Настанот се одржа од 24 до 29 јуни во Струга, каде што учествуваа млади математичари од балканскиот регион.

 

Македонските математичари со блескав успех на ЈБМО 2025 во Струга

Првиот македонски тим се истакна со два сребрени медали, кои ги освоија Дијар Адеми и Владимир Грчев, како и три бронзени медали, доделени на Ана Митевска, Валентино Атансоски и Никола Зорески. Вториот тим, пак, се закити со три бронзени медали, кои им припаднаа на Филип Хаџи-Велков, Деа Ивановска и Калина Грашкоска.
Според вкупниот број и квалитетот на освоените медали, првиот тим го постигна еден од најдобрите резултати на македонските учесници во последните две децении.

#2

Тимовите беа предводени од Петар Филиповски и Христина Митреска, а во подготовките учествуваа и м-р Илија Јовчески и проф. д-р Мирко Петрушевски.
ЈБМО претставува една од најзначајните меѓународни математички натпревари за ученици под 15,5 години, а годинашното издание, кое првпат се одржа во Струга, го потврди високото ниво на младиот македонски математички потенцијал.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *