Малиот Зоки слушнал дека постои лесен начин да извлечеш пари од возрасните (виц)
Малиот Зоки слушнал од другарче на училиште дека сите возрасни кријат некакви тајни, а најлесниот начин да извлечеш пари од нив е само да им кажеш:
– Ја знам вистината!
Секако, Зоки решил веднаш да го испроба трикот дома. Отишол кај мајка му и ѝ рекол:
– Мамо, ја знам вистината!
Мајка му пребледела, веднаш му дала 500 денари и му рекла:
– Само ни збор на татко ти!
Задоволен од лесната заработка, Зоки малку подоцна го сретнал татко му пред куќата.
– Тато, ја знам вистината!
Татко му веднаш извадил 1.000 денари и му ги тутнал во рака:
– Еве ти, само ништо да не ѝ кажуваш на мајка ти!
Охрабрен од успехот, Зоки решил да го проба истиот трик и со градинарот.
– Ја знам вистината!
Градинарот го погледнал, му се насолзиле очите, паднал на колена, ги раширил рацете и извикал:
– СИНЕ! Па дојди конечно да си го гушнеш татко ти!


Коментирај анонимно