Малите носорог и зебра станаа најдобри пријатели, откако ги пронајдоа како сирачиња во дивината

Носорог и зебра станале најдобри пријатели откако биле спасени како сираци во дивината.

Прекрасните слики го покажуваат „спасувачкото“ пријателство на седуммесечниот носорог Дејзи и зебрата Моџаџи, кои биле спасени од прибежиште за сираци во Јужна Африка .

Дејзи и Моџаџи, биле негувани е во засолништето за диви животни „Care For Wild“ во природниот резерват Барбертон во близина на границата на Јужна Африка со Есватини. Вработените во засолништето често споделуваа слики и видеа од закрепнувањето на двојката покажувајќи го нивниото несекојдневно пријателство.

Неразделните пријатели честопати беа фотографирани како се гушкаат еден со друг за време на нивниот долг период на интензивна нега, додека видеата ги прикажуваат како споделуваат прошетки и вечера заедно.

Љубовта и гушкањата на Моџаџи се опишани како „спасувачки“ за малата Дејзи, која пристигнала во засолништето на многу лош начин.

Објавата за благодарност за Моџаџи во јануари гласеше: „Ова мало сираче зебра спаси живот, секогаш ќе биде тука за нејзината пријателка носорог“.

Во многу лоша состојба со тешка анемија, малата зебра примала трансфузија на крв од друга зебра која и го спасила животот.

„Сега е многу посилна, Моџаџи го чува нашето најмало сираче носорог и ние многу ја сакаме!“

Пронајдена помалку од еден месец по нејзиниот придружник Моџаџи, Дејзи беше спасена за време на рутинска операција во Националниот парк Кругер на почетокот на декември.

Стара само 12 часа, таа сè уште била мокра од утробата, а и папочната врвца сè уште и била закачена.

„Дејзи ја зголеми свеста за маките на носорозите на меѓународно ниво и засекогаш ќе има посебно место во нашите срца“.

„Care For Wild“ велат дека иако Дејзи и Моџаџи остануваат многу блиски, долгорочната цел „е успешно ослободување назад во нивните природни екосистеми со нивните сопствени видови“.

Од засолништето велат: „Иако Дејзи на крајот ќе им се придружи на другите сирачиња носорози, а Моџаџи ќе се врати на стадото зебри, нивното единствено пријателство секогаш ќе биде витален дел од нивниот пат кон рехабилитацијата“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *