Малолетник од Тетово го запалил македонското знаме и го објавил видеото на ТикТок: Полицијата го расчисти случајот

Полицијата го идентификуваше лицето кое на ТикТок објавило видео со палење на македонското знаме. Станува збор за дете од Тетово, помладо од 14 години.

Случајот бил откриен на 22 септември, при редовно следење на социјалните мрежи. По преземените мерки од СВР Тетово и надлежните служби за компјутерски криминал, веќе следниот ден бил утврден идентитетот на малолетникот.

Во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа, детето признало дека учествувало во настанот. Со согласност на родителот, полицијата го обезбедила и телефонот од кој било објавено видеото.

При разговорот биле посочени уште тројца малолетници кои наводно биле вклучени во палењето на знамето. Полицијата ќе изврши разговори и со нив за да ги утврди сите околности.

По завршувањето на истрагата, МВР ќе достави соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство во Тетово, а понатамошната постапка ќе се води согласно законските одредби за деца.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *