Манекенка покажа „жешка“ фотографија која ги насмеа обожавателите

23-годишната британска манекенка Зара Мек Дермот доби 1,5 милиони публика на Инстаграм. Убавицата, како што доликува на еден модел секојдневно објавува фотографии во долна облека и костими за капење за своите обожаватели. Но, тие забележаа дека на манекенката не ѝ се исти пропорциите на сите фотографии.

Зара малку се играла со Фотошоп, но не доволно. Русокосата сподели фотографија од одмор во Португалија, каде позира во тесен бел фустан со црн принт. Корисниците беа воодушевени од неверојатно големиот задник, кој не може да се најде на други слики и чудно заоблените долги раце. Корисниците ја обвинија Зара за несоодветно ретуширање, забележувајќи колку се искривени дрвјата и оградата. Сепак погледнете ги и останатите нејзини фотографии и заклучете сами дали и колку се дело на Фотошоп.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.