Математичкиот гениј Македон Димитровкси повторно се закити со златен медал на натпреварот „Математика без граници“

Малиот генијалец од Тетово, Македон Димитровски, повторно освои златен медал во зимскиот дел од натпреварот „Математика без граници“, што се одржа на почетокот на месецов.

 

Во зимскиот дел до натпреварувањето учествуваа 28 земји, меѓу кои и Македонија, а резултатите од престижното натпреварување беа објавени денес на официјалниот веб-сајт на турнирот.

Како што може да се види, малиот генијалец од Тетово повторно успеа да се закити со златен медал во натпреварувањето за трето одделение и со тоа да нѐ направи горди, затоа што навистина поседуваме вистински таленти.

 

Инаку, Македон е прв основец што ја добил наградата за млад талент, а за време на зимскиот распуст тој имаше средба со странските македонисти во рамки на четвртата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

За време на семинарот, Македон ги воодушеви сите со познавањето на дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, но и со тоа што наизуст ја знае старословенската азбука.

Исто така, тој беше дел и од симултано натпреварување во шах, каде успеа да заврши со нерешен резултат.

  • Васе напиша:

    Браво за малиов! Сакал не сакал, од време на време, човек ќе налета на некоја вест за него! Талент пар екселанс што би рекол Изет Фазлиновиќ! Но, по мене, само прашање на време е кога ќе фати џаде од Македонија (како и многумина успешни луѓе пред него)! За да го задржиме, треба да му се понуди нешто што не може да го одбие!

  • Vasil напиша:

    Ova dete zasluzuva mesecna drzavna paricna nadoknada !!!

    • Зоки напиша:

      Детето е талент во права смисла на зборот но проблем е што е Македонец во окупирана Македонија.Да пееше песни за учк ќе добиеше стипендија и плата месечна досега гарант .Жално во што ја претворија Македонија криминалците само наречени политичари.

  • Kardelj напиша:

    Zlato na nasata drzava…cuvajte go.Takvite brgu begaat i gi zemaat ako drzavata ne gi cuva.

  • Жарко Г. напиша:

    Е, да бе…ова дете не заслужува ништо од неговата држава, додека внукот на балистот и терорист Аљи Амети дрпа и со капа и со лопата од џебовите на поштените граѓани на Мнакедонија. Па уште и зема пари од фондовите за иновации. Кои иновации!!!??? Лажење и крадење на државните пари?!

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Васе Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *