Маж и жена отпуштени поради пандемијата открија начин како со задоволство да направат пари

Пандемијата остави многу Британци без пари, но една паметна двојка ја искористи за да ги зголеми приходите десеткратно. Рејли Дизел заработуваше 2.500 фунти месечно во еден ресторан во Лондон пред да ја напушти работата – сега заработува 20.000 фунти продавајќи експлицитни видеа на OnlyFans.

Таа и нејзиниот сакан сопруг, кои работеа како готвачи во истиот ресторан, ги напуштија своите работни места и се на пат да заработат огромни 300.000 фунти оваа година.

Рејли инсистира на тоа дека нема ништо лошо во тоа што го прават и вели дека новиот деловен потфат го подобрил нивниот брак.

Таа рече: „Многу луѓе велат дека го продавате вашето тело, но јас само продавам видео. Никогаш не сум спиела со друг маж, дали е тоа продавање на вашето тело?

Правиме видеа кои покажуваат колку се сакаме, не е како порно или да ги продаваме нашите тела, тоа е само убава љубовна приказна “.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.