„Маж ми плачеше затоа што не сакам да ставам ботокс, но кога ми кажа зошто сака ботокс буквално ми застана умот“

„Во болест, во здравје и без никакви брчки…“

На една тема на Редит, неидентификувана жена сподели прилично конфронтирачки разговор со нејзиниот сопруг со кој е во брак само шест месеци. Таа зборуваше дека забележала промена во однесувањето на нејзиниот сопруг околу божиќната сезона.

„Почна да се повлекува и призна дека нешто го мачи, но не се отвори да разговара понатаму. Си помислив дека тоа е поврзано со стресот дека се селевме и тој смени работно место. Но веќе тоа траеше некое време и не можев да издржам и бев очајна, па буквално го молев да ми каже што е работата. И една ноќ тој буквално ме разбуди од сон целиот во солзи. Многу сериозно и свечено, тој ме погледна во очи и тивко ме праша: „Дали би размислила за ботокс?“

 

Чекај, што?

 

„Бев запрепастена. Потресена. Повредена. Не ми излегуваше од глава начинот на кој тој го кажа. Не беше шега. Не, ова беше нешто што го јадеше од внатре со недели. Во мојот ум, секој пат кога ќе ме погледал ме осудувал и мислел дека сум некое страшно збрчкано суштество. Од таа вечер избегнуваме да разговараме за тоа и се обидуваме да го минимизираме правејќи дури и некои шеги. Но, во последно време, тој плаче секој ден, велејќи дека плачењето прави да се чувствува подобро. Ќе поминеме убави неколку часа, а потоа ќе забележам промена на неговото расположение“, напиша таа.

 

„Синоќа, тој повторно го покрена прашањето ботоксот, иако се обидуваше да ја започне темата полабаво. Го прашав, што е тоа конкретно што толку многу ти пречи. Тој рече – и јас цитирам – „Не можам да те гледам кога се смееш, се вознемирувам“

„Ми се здрви умот. По еден момент молчење, му реков дека мислам дека немаме друг избор освен да се разведеме. Му реков дека кога го гледам, гледам совршенство. И зошто јас не го заслужувам истото? Дали сме совршени? Не. Но, не верувам дека сум ни блиску до грда за мојот сопруг да плаче ноќе затоа што се чувствува „вознемирено“ кога ќе ме погледне. Ако на 31 година тој веќе ме мисли за старица, како би требало да имаме деца заедно? Што е кога ќе сум уморна, стара и збрчкана? Ова се моите „добри“ години. Јас не знам како ние да го обновиме бракот после ова?“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *