Маж патувал 1000 километри за да му го запали домот на момчето со коешто неговата поранешна девојка зборувала на Интернет

Еден човек од Америка е обвинет дека патувал 11 часа за да ја запали куќата на маж со кој неговата поранешна девојка разговарала на интернет, при што за малку ќе убиел шестчлено семејство. Според властите, Харисон Џонс од Рокфорд, Мичиген, се налутил кога дознал дека неговата поранешна девојка почнала да разговара со 21-годишен маж од Пенсилванија на интернет. Полицијата соопшти дека тој ги преминал државните граници за да ја запали куќата на мажот како одмазда.

 

 

 

„Возел преку 1000 километри, 11 часа, за да го направи она што го направи, а потоа да се врати директно дома“, изјавил Вилијам Меквеј, директор за јавна безбедност на полицискиот оддел на градот Бенсалем.

Работите можеле да бидат многу полоши, бидејќи во тоа време во куќата имало шест лица. За среќа, семејните кучиња ги предупредиле оние внатре за пожарот и семејството избегало, а некои од нив морале да скокнат од прозорците на вториот кат. Трагично, двете семејни кучиња загинале во пламенот. Сите шест лица во домот со повреди се пренесени во болница.

 

 

 

Полицијата соопшти дека пожарот се чини дека е намерно подметнат, а снимките од домашниот надзор нудат индиции за тоа што би можело да се случи. Полициската управа на Бенсалем во соопштението рекла: „Камерите во близина на домот фатиле црн седан додека поминувал покрај домот на Мергансер Веј и застанал на раскрсницата Малард Драјв во 5:01 часот наутро.

Сомнежите почнале да паѓаат врз Џонс кога полицијата дознала дека возилото има регистарска табличка од Мичиген. Тие го следеле автомобилот Фолксваген Пасат забележан на местото на настанот назад до неговата адреса. Откако добиле налог за претрес, полицијата пронашла уред за кршење брава и забележале дека Џонс изгледа имал изгореници на рацете.

 

 

Оттогаш тој е обвинет за „шест точки за обид за криминално убиство, подметнување пожар, ризик од катастрофа и поврзани прекршоци“, и чека да биде екстрадиран во Пенсилванија.

„Ова семејство претрпе таква незамислива загуба. Постапките на овој обвинет се неразбирливи и тој ќе одговара“, велат од полицијата.

Во изјавата за „Фокс 29“, семејството изјавија: „Ова беше еден од најтемните и најтешките моменти во нашите животи, меѓутоа, добрината и љубовта што ги добивме од толку многу околу нас ни дадоа многу надеж и инспирација“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • zarkovski напиша:

    Арно сторил…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *