„Мажите се исплашени од мојот успех и не ме сакаат. Затоа ќе си направам бебе САМА“

Ко-основачката на „Booby Tape“, Бјанка Рочисано, ги откри своите планови да има бебе сама, откако не успеала да го запознае вистинскиот маж до средината на триесеттите.

 

 

Претприемачката, која заработува милиони годишно со нејзината сестра и деловен партнер Бриџит, сака да го испроба мајчинството соло затоа што нејзиниот успех отежнувал да најде сопруг.

37-годишната Бјанка за „The Herald Sun“ изјави дека ги истражува нејзините опции и размислува и за ИВФ и за сурогат мајчинство.
„Го правам ова затоа што ми истекува времето. Тоа е затоа што сум сингл. Тоа е затоа што не можам да сретнам човек кој го прифаќа она што го работам“, вели Бјанка.
„Постојано се надевав дека ќе запознаам некого, но она што го правам заплашува толку многу мажи“.

 

 

Таа додаде: „Се обидов да излегувам и постојано ми кажуваат дека не сум привлечна затоа што сум премногу независна, премногу фокусирана на работата“.

Бјанка вели дека отсекогаш се надевала дека ќе се омажи до средината на дваесеттите и ќе го роди своето прво дете до 30-тата година, но работите едноставно не испаднале така.
Сестрите Рочисано се ко-основачи на истоимениот бренд за облека „Bianca и Bridgett“ и брендот за убавина „Booby Tape“.

 

 

 

Носени од такви како Џенифер Лопез, производите на „Booby Tape“ се продаваат во повеќе од 35 земји.
Сестрата на Бјанка, Бриџит (31), треба да се омажи за графичкиот дизајнер Џошуа Каваларо во наредните недели, откако тој ја запроси кон крајот на 2021 година.

Бриџит претходно откри колку е „горда“ на нејзината сестра што го започнала своето патување до мајчинството соло.

  • Arapot напиша:

    Јебига, нема и паре и јаре!

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Arapot Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *