Медицинска сестра од САД сменила професија за да може да си го плати лекувањето од рак и станала милионерка
32-годишната Лејси Стил од Ајова морала да бара излез од тешката финансиска ситуација кога лекарите ѝ откриле неколку тумори. Жената не можела да добие владина финансиска поддршка, па решила да почне да продава експлицитни фотографии на Интернет за да плати за лекувањето.
За три месеци успеала да собере половина од потребните средства и да подигне уште еден кредит за да го врати првиот. Туморите на Стил се покажале бенигни, а по операцијата таа продолжила со порно кариерата. Набрзо успеала да го исплати и преостанатиот долг од 90 илјади долари.
По ова, Лејси почнала да снима со полно работно време и сега добива иста сума секој месец. Стил тврди дека веќе заработила два милиони долари.
Таа вели дека не жали што ја оставила медицината. Жената признава дека вложила многу труд да студира за да стане медицинска сестра, но платата била многу мала. Сега таа заработува повеќе за еден месец отколку што претходно заработувала за една година. „Никогаш не мислев дека мојот живот ќе стане ваков. Сакам да трошам пари бидејќи не сум пазарела многу порано и не сум многу запознаена со брендовите“, рече Лејси.
Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.
A što da “prodavame” nie mažite … e pa, na normalnite mislam
Bubreg.
Коментирај анонимно