Мегавин на Државна лотарија ја додели премијата од својата прва наградна игра. Среќниот добитник и неговото семејство си заминаа со BMW
Вчера во рамките на најновата ТВ емисија СЕДМО НЕБО, на Канал 5, Мегавин на Државна Лотарија на Македонија ја додели премијата од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“.

Наградната игра траеше до 29 ноември, а наградите од богатиот награден фонд се извлекуваа во живо на сцената на мега концертот Мегастарс, на 30 ноември. Водителите Марјана Станојковска, Игор Џамбазов, Миа и Мартин 99, заедно со мега ѕвездите од нашата поп-естрада направија вистинско шоу полно со забава и возбуда, a пикот на возбудата беше токму моментот на извлекување на премијата − атрактивното возило BMW. Веднаш штом застана бројчаникот од електронски генератор и по серискиот број се појави името Дејан Блажевски, откако добија и потврда од страна на стручната комисија, од сцена заѕвонија на телефонскиот број на среќниот добитник што самиот го внел при регистрација на интернет-платформата www.megawin.mk. Добитникот можеше да ја слушне Марјана како му ја соопштува среќната вест, а неговиот збунет глас го слушна публиката во СЦ „Јане Сандански“.
„Вчера во студиото на ТВ емисијата СЕДМО НЕБО се дружевме со него и со неговите два сина, кога му беше доделено возилото и кога со него и со неговите најблиски ги споделивме моментите на радост. На атрактивниот автомобил BMW најмногу се израдуваа неговите два сина, помалиот Кирил и поголемиот Томи кој за неколку месеци ќе стане полнолетен и ќе полага возачки испит. Дејан објасни дека кога на 30 ноември, среќе ноќ му заѕвонил телефонот и слушнал женски глас како му честита дека добил BMW од Мегавин на Државна лотарија, воопшто не поверувал. Но, кога утрото му се јавиле да го поканат во просториите на Државна лотарија, иако уште не му се верувало веќе сфатил дека е вистина.“ – изјавија од Лотарија.

Дејан Блажевски е, самохран родител, татко на две деца, живее во Општина Кисела Вода, населба Драчево и вработен е во ЈП Водовод. Повремено учестува во Лото и инстант лотарија, но сака онлајн игри бидејќи може да се учествува оддома. Се вклучил на www.megawin.mk. кога пријатели му кажале за наградната игра. Посакувал да добие мобилен телефон или лаптоп за децата, не се ни надевал на премијата, но ете, таа го избрала токму него.
Ве потсетуваме, со www.megawin.mk, Државна лотарија направи голем чекор во дополнување на своето портфолио игри на среќа одговарајќи на барањата на играчите. Љубителите на спортско обложување и видеолотариски игри добија една нова мега забавна платформа за онлајн учество во забавни игри за атрактивни добивки, чести награди и уште почести подароци. На www.megawin.mk е во тек многу забава со секој ден подароци под името „ПРАЗНИЧНО ДАРУВАЊЕ“, а за само неколку дена следи ново богато изненадување.
Убавите мигови допрва претстојат бидејќи Државна лотарија работи на тоа среќата да ја направи достапна секому и верува дека среќата е насекаде.

Со децении не верував во наградните игри, мислев дека се наместени! Или во прашање беше што не ги играв? Тоа траеше, се додека, јас не добив награда!!! Не беше кола, во прашање е одличен саат Сеико! Дури ме повикаа во редакција, па ме сликаа за насловна страна со саато! На кратко бев медиумска личност!? Моите 5 минути!
васе в=газ
Коментирај анонимно