Мицкоски, Трамп и Путин одат кај Господ (виц)
Ги повикал Бог Путин, Трамп и Мицкоски за да им каже дека му дошло преку глава од сè и да му соопштат на својот народ дека крајот на светот ќе биде за 7 дена.
Се вратил Путин во Русија и им се обратил на граѓаните:
– Имам две лоши вести: првата е дека Бог постои, а втората е дека за 7 дена ќе биде крајот на светот.
Се вратил Трамп во Америка и им се обратил на Американците:
– Имам една добра и една лоша вест: добрата е дека Бог постои, а лошата е дека за 7 дена ќе биде крајот на светот.
Се вратил и Мицкоски во Македонија и им се обратил на граѓаните:
– Имам две добри вести: првата е дека Бог постои, а втората е дека ЈАС успеав кај Бога да издејствувам да ни го одложи крајот на светот за 7 дена!


Коментирај анонимно