Министерот за внатрешни работи добил пријава за марихуана во Кукуречани (виц)
Во полиција стигнала пријава дека во селото Кукуречани некој засадил марихуана. Министерот за внатрешни работи лично решил да оди на увид. Кога стигнал, го сретнал еден селанец и му објаснил зошто дошол.
Селанецот му рекол:
– Барај каде сакаш, ама на онаа нива таму немој да влегуваш.
Министерот се налутил, ја извадил службената легитимација и рекол:
– Ја гледаш ли оваа легитимација? Со неа можам да одам каде што сакам!
– Добро, шефе… како велите – му одговорил селанецот.
Министерот тргнал право кон нивата. По неколку секунди, од нивата излетал огромен бик и почнал да го брка.
Министерот трчал колку што го држат нозете и викал:
– Помош! Помош!
А селанецот му довикнал:
– Легитимацијата, шефе! Покажи му ја легитимацијата!
Коментирај анонимно