„Мислев заради тортура, но всушност ова е полошо!“ – „Алармантната“ причина поради која се измислени моторните пили

Моторните пили веќе имаат прилично застрашувачка репутација, а хорор-класикот „Тексашки масакр“ е една од првите работи што ни паѓаат на ум. И откако ќе ја разгледате историјата на моторните пили, малку е веројатно дека ќе најдете многу што ќе ви го олесни умот, бидејќи нејзината првична намена е речиси неискажливо ужасна.

Неодамна на ТикТок се појави разговор за првичната намена на моторните пили, каде што една корисничка сподели снимка од себе „пред и потоа“ откривајќи зошто се измислени моторните пили. Иако разумно може да претпоставите дека ваквите пили првично биле направени за сечкање дрво, ова, за жал, не може да биде подалеку од вистината.

 

Оваа алатка всушност првпат била направена во 19 век за да ја пресече карлицата на жената за време на породувањето, како помош во многу опасна процедура позната како симфизиотомија. Симфизиотомијата е сега застарена медицинска процедура со која срамната симфиза на жената – зглобот што ја држи карлицата заедно – е отсечен за да може да се прошири породилниот канал за време на породувањето. Постапката првично била изведена со помош на остар нож, кој се покажал како многу неуреден и бавен.

 

Во 1780 година, двајца шкотски лекари, Џон Ејткен и Џејмс Џефри сакале да го подобрат овој метод, според веб-страницата Chainsaw Guru, и така измислиле алатка со заби со ротирачко сечило, напојувана со рачна рачка. Во тоа време, моторната пила би била релативно мала, приближно со иста големина како кујнски нож. Се покажала како успешен метод во подобрувањето на шансите за преживување кај мајките и бебињата, но ги оставала мајките со доживотни здравствени проблеми.

Многу останаа запрепастени од овој факт и сметаат дека ова е полошо и од тортура. Но сите сме сведоци за многу чудни методи на лекување и снаоѓање на луѓето во медицината во минатото, кога многу работи што ги имаме сега не биле ни блиску да бидат измислени.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *