Мислите дека сопругата ве изневерува? Имаме решение за вас, пратете ја на овој остров во Турција, ако е верна, ќе се врати…
Во Турција има мал остров кој се наоѓа во близина на Анталија, кој има три имиња истовремемо, а меѓу овие три имиња најлегендарно е „Островот на неверните сопруги”.
Тие велат дека турските мажи ги испратиле своите неверни жени на овој остров, а за ова не било потребно да се осуди сопругата за предавство, доволно било само едно сомневање. Така Турците лесно си ги решавале проблемите доколку наеднаш им здосадила сопругата. Факт е дека турчин според законот тогаш не можел да се разведе, туку да ја испрати сопругата на „превоспитување”.
Навистина, така се верувало дека ако жената е невина, тогаш може да се врати назад и дека околностите (рајот) сигурно ќе и помогнат во тоа. Меѓутоа, Турчинките не знаеле да пливаат, на островот немало чамци и се разбира, никој никогаш не се вратил од островот.
Островот на неверните сопруги се нарекува и Желка, но не затоа што на островот има желки, туку островот наликува на желка, која малку ја вади главата, опашката и шепите од под оклопот. И третото име на островот – Глушец. Факт е дека благодарение на крајбрежните гребени, во минатото многу бродови се обидувале да се закотват кај него. И тогаш сите глувци што биле на бродот се упатиле кон најблиската почва, следени од морнарите, проколнувајќи го овој „остров на глувците“.
Во моментов, Островот на неверните сопруги е популарен кај туристите кои доаѓаат тука за да уживаат во локалните прекрасни плажи, одличните мижности за нуркање, неповторлива разновидна вегетација и неверојатните планински пејзажи. „Измамените” мажи, се сигурни дека турските сопруги испратени тука живееле доста добро на овој сончев остров. Но, кој знае што навистина се случило…
Коментирај анонимно