Мистериозен огнен црвен сјај фотографиран од пилот во облаците над Атлантскиот Океан потсетува на сцена од серијата „Stranger Things“

Дали сериите стануваат реалност? Серијата Black Mirror нè води низ напредокот на технологијата и роботите како дел од нашиот свет, што секојдневно гледаме дека не сме далеку од вистината. Но низ уште пострашна научна фантастика нè води серијата „Stranger Things“, за суштества кои не припаѓаат на овој свет и портали кои нè поврзуваат со некој друг свет.

Па така фотографијата што ја направил пилот од својата кабина додека летал над Атлантикот предизвика теории и низа коментари.

Некои оваа глетка ја споредуваат со „Watergate“, портата која што ве носи во другиот свет „Upside down“ во „Stranger Things“. Според изгледот и доколку сакаме да веруваме во натприродни работи, навистина изгледа така и е застрашувачки.

 

Додека пак други корисници на интернет, кои се сметаат себеси за поприсебни велат дека ова се светла кои што ги пуштаат од рибарските бродови за да ловат Саури риби. Најчесто се пуштаат сотици масивни LED светла на периметарот на рибарските чамци за да ги привлече рибите, овозможувајќи им лесно да се собираат во мрежи. Но иако LED е најпосакувана опција за рибарски чамци, поради неговата поголема ефикасност и помала тежина, рибарскиот брод подолу може да користи друго решение за осветлување, како што е празнење со висок интензитет (HID). Неговиот интензивен сјај низ облаците сугерира употреба на HID што би го објаснила волуменот на светлината што излегува нагоре на фотографиите.

Сепак, што го предизвикало морничавиот црвен сјај под облаците не може да се потврди. Засега пилотот е анонимен и нема информации колку ниско летал и каде точно во Атлантикот ја видел оваа мистериозна сцена.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *