Мистериозен ‘огромен цилиндричен објект’ забележан над Марс – Дали ни стигна порака од другата страна на вселената?

Нови драматични снимки покажуваат мистериозен објект што со месеци предизвикува шпекулации меѓу астрономите – некои сметаат дека тоа е комета, други пак дека е вселенски брод. И додека јавноста се прашува дали станува збор за инвазија, професор Брајан Кокс сугерира: ова може да е „порака од минатото”.

Мистериозен ‘огромен цилиндричен објект’ забележан над Марс – Дали ни стигна порака од другата страна на вселената?

Официјално име 3I/ATLAS – објект од друга ѕвездена система носи нови прашања и мистерии

Астрономите го нарекуваат 3I/ATLAS. НАСА тврди дека тоа е хиперболичен меѓуѕвезден објект – значи пристигнал од вселена надвор од нашиот сончев систем и само поминува покрај нас. Се опишува како мал леден или карпест објект, сличен на комета, без вештачки структури или траги на интелигентна активност.

Официјално име 3I/ATLAS – објект од друга ѕвездена система носи нови прашања и мистерии

Харвардски професор тврди дека е вселенски брод – но Брајан Кокс нуди смирувачко објаснување

Додека професорот Ави Лоеб од Харвард јавно тврдеше дека објектот би можел да биде странски вселенски брод, Брајан Кокс во интервју со Крис Мојлс решава да ја врати дебатата кон науката. „Не, не е вонземско летало. Интересно е – тоа е комета од друг соларен систем.“ вели Кокс.

Харвардски професор тврди дека е вселенски брод – но Брајан Кокс нуди смирувачко објаснување

Реликт стар 10 милијарди години – гласник од минатиот универзум?

Кокс појаснува: „Ова е објект што можеби се формирал пред 10 милијарди години. Не знаеме од кој дел на галаксијата доаѓа, но сигурно ни носи сведоштва од сосема различно време и место. Како да гледаме во минатото преку него.“

Објектот нема да ја удри Земјата – туку само ќе пролетa покрај нас носејќи енигмa

Иако некои претходни предвидувања го поврзаа објектот со евентуален судир со Земјата околу 29 октомври, најновите анализи потврдуваат дека само ќе нѐ прелета. Научниците се исклучително возбудени – ова е уникатна можност да ѕирнеме во тајните на космосот и да дознаеме повеќе за потеклото на вакви мистериозни гости.

  • Rade напиша:

    Daj neka ne udri poarno, se iznacitavme gluposti.

    • Комшијата напиша:

      Никој не ги знае тајните за матичната планета тие делат мудрости за вселената .Немаме појма зошто сме овде и која ни е целта тие раскажуваат приказни за 10 милијарди години .Немало знаци на интелигенција а овде на оваа планета како да има знаци на интелигенција – Затоа се јадеме едни со други секој ден.Многу интелигентно од нас .

  • Гоце напиша:

    НАСА нека фрли една сајла на него и да не однесе некаде, можеби поубав живот ќе имаме. А?

  • ТЕРМИНАТОР напиша:

    ТРЛА БАБА ЛАН …

  • Dragan Stefanovski напиша:

    Aman, neka ne udri, ke ne spasi od izbori i site lazgi i gluposti sto gi slusame koj sto ke napravel … ubav den !!!

  • Rabotnik напиша:

    Moite informacii govorat deka ne pogaga so sigurnost, nie sme mrtvi samo toa uste ne go znaeme

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Dragan Stefanovski Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *