Мистериозниот објект во пустина стана туристичка атракција, а теориите на заговор не запираат

Луѓето беа предупредени да не го бараат мистериозниот метален монолит во пустината Јута, па што направија? Па, секако, го бараа металниот монолит во пустината во Јута! И не само што го бараа, туку и го пронајдоа. Најраната посета се случи само 48 часа откако беше откриен, од страна на екипаж на хеликоптер, видео кое можете да го видите тука.

Официјалните лица го објавија пронаоѓањето на високиот метален монолит длабоко во пустината Ред Рок во понеделникот, 23 ноември, сепак тие одбија да ја дадат точната локација, затоа што се плашеле луѓето да не залутаат во обид да го пронајдат.

Но, интернетот е многу напредна работа и многу луѓе веднаш се обратија до Google Earth за анализа на теренот, споредувајќи го со видеото направено од самото место. Еден од првите луѓе што го пронајдоа монолитот е поранешниот офицер на пешадијата на американската армија Дејвид Сурбер, кој возел шест часа во текот на ноќта за да стигне до пустината во Јута.

„Одлучив да одам таму прв затоа што ме привлече фактот дека овој објект бил таму веќе пет години, скриен во природата“, вели Дејвид. Веста за Редит е напишана од Тим Слејн, кој го скенирал теренот на пустината на Google Earth, пред да го пронајде металниот предмет на сателитските снимки, направени во октомври 2016 година.

„Знаев дека откако локацијата стана јавно позната дека луѓето ќе ја посетат областа. Добив неколку лути пораки за моето откривање на локацијата. Ако не ја пронајдов, некој друг веројатно ќе ја најдеше.“, додава Дејвид.

И, тој беше во право. Десетици луѓе сега го посетија монолитот, споделувајќи фотографии покрај мистерискиот објект на социјалните мрежи. Сепак сѐ уште не се знае како обејктот стигнал до таму.

Голем број теории започнаа да се појавуваат за тоа како сребрениот блок настанал во пустината во Јута, а главната теорија упатувала на еден уметник, кој починал во 2011 година. Монолитот има многу сличност со работата на Џон Мек Крекен, кој бил познат по своите скулптури слични на штици.

Сепак, истражувањето направено од г-дин Слејн покажува дека монолитот не може да се види на сликите на Google Earth направени помеѓу 2013 и 2015 година, што сугерира дека не бил направен пред да почине уметникот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.