Млада девојка од Тексас исчезнала, а семејството ја пронашло таму каде што најмалку очекувале: како втора сопруга на водач на древно племе во Шкотска

Каура Тејлор (21) исчезна од родниот Тексас заедно со својата малолетна ќерка и по три месеци беше пронајдена во скриено племе во шкотските шуми. Таа сега живее како втора сопруга на водачот на самопрогласеното Кралство Кубала. Нејзиното семејство е загрижено и ги повикува надлежните да интервенираат. Оваа необична приказна го потресе целиот свет.

Млада девојка од Тексас исчезнала, а семејството ја пронашло таму каде што најмалку очекувале: како втора сопруга на водач на древно племе во Шкотска

 

Тејлор, која го напуштила семејството без никакво објаснување, сега е дел од таканареченото „Кралство Кубала“. Таа живее со лидерот на племето – Крал Атехене (вистинско име Кофи Офех, поранешен ПР агент и оперски пејач од Гана) – и со неговата прва сопруга, Кралицата Нанди (поранешно име Жан Гашо). Каура дури прифатила ново племенско име – Аснат, Леди Сафи – и усвоила нивен „примитивен“ начин на живот.

Сепак, животот во племето предизвика голема загриженост кај нејзините најблиски. Тие велат дека Каура сега им служи на кралот и кралицата како своевидна слугинка, и тоа додека се грижи и за својата мала ќерка. Дополнително, Кралицата Нанди, која има седум деца, веќе била обвинета за злоупотреба на деца.

„Многу е стресно и тешко. Ни го крши срцето. Премногу сме загрижени за Каура, но таа не мисли дека некој е загрижен за неа“, изјавила нејзината тетка Тери Ален за Индипендент.

 

Каура прифатила нов идентитет, ја нарекуваат Аснат, Леди Сафи, и слугува во племето

Каура, пак, тврди дека никогаш не исчезнала, туку намерно избегала од, како што вели, „насилно и токсично семејство“ кое ја злоупотребувало уште од детството. На својот Фејсбук профил напиша:

„Многу сум среќна со мојот крал и кралица. Никогаш не сум била исчезната – избегав од семејство кое ме малтретираше и сексуално злоупотребуваше!“

Семејството на Тејлор категорично ги негира овие обвинувања. Нејзината тетка Ален вели дека Каура имала „многу заштитено детство“, воспитувана во црква, и дека „тоа што сега го живее се еден куп измислици“.

 

Каура возвраќа преку Фејсбук: „Среќна сум, избегав од семејство кое ме малтретираше“

Кралството Кубала – племе со сомнителна историја и контроверзна мисија

Фотографии и видеа објавени од групата прикажуваат ритуали околу огнови, облекување во мантии и обожавање на Офех, кој се претставува како духовен водач. Гашо (Кралица Нанди) дури тврди дека тие се „изгубено еврејско племе“ кое дошло во Шкотска да ја „поврати својата татковина“ – повикувајќи се на неточни историски тврдења за депортација на црнци од Англија и Шкотска за време на владеењето на кралицата Елизабета I.

Историчарите, меѓутоа, посочуваат дека овие тврдења се погрешно толкување на минатото и дека вистината е многу понијансирана.

Во 1596 година, кралицата Елизабета I склучила договор со еден трговец за евентуална продажба на црнци што живееле во Англија за да ги вратат англиските затвореници што биле држени во Португалија и Шпанија, според Националниот архив.

На господарите на црните работници не им била понудена компензација од страна на Круната за да се откажат од нив, па затоа овој план никогаш не се реализирал.

Во 1601 година, кралицата потпишала проглас со кој повторно наредила депортација на сите црнци, но историчарите се сомневаат дека ова всушност успеало. Сепак, племето во Шкотска се надева дека ќе го зголеми својот број со тоа што ќе ги убеди другите наводно изгубени племиња да дојдат да живеат со нив.

Како стигнала таму?

Семејството верува дека Каура првпат стапила во контакт со „Кралството Кубала“ преку соученик од средно училиште. До пред една година живеела со својата тетка Вандора Скинер, која сведочи дека Каура постепено се оддалечила од семејството и престанала да учествува во семејни собири.

Таа дури се обидела да го убеди своето тогашно момче да ѝ се придружи во племето, но тој одбил – исплашен од, како што рекол, „безбожните ритуали“ на групата.

Во ноември 2023 година, Каура отпатувала за Шкотска со шестмесечна туристичка виза, носејќи ја и својата осуммесечна ќерка. Откако заминала, на Скинер ѝ рекла дека ќе се јави кога ќе се поврзе на Wi-Fi – но повеќе никогаш не стапила во контакт.

Семејството се надева на враќање: „Ќе мора да ја напушти Британија кога ќе ѝ истече визата“

Семејството на Каура ја информираше полицијата во Шкотска и се надева дека бидејќи таа влегла со туристичка виза од шест месеци, наскоро ќе мора да ја напушти Велика Британија. Нејзината тетка Вандора Скинер вели дека Каура раскинала со поранешното момче кога тој одбил да се приклучи на племето поради „неприкладните ритуали“. Семејството останува скршено, но решено да ја врати Каура и нејзината малечка ќерка дома.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Васе напиша:

    Да не прочитав, немаше да поверујем!!!

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Васе Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *