Млади земјоделки и земјоделци направија разголен календар за хумана цел

Во Шкотска, земјоделците се фотографираа голи за да соберат пари за добротворни цели.

Во снимањето за хуманитарниот календар учествуваа девојчиња и момчиња од Клубот на млади фармери од Лотиан и Пиблшир. Тие позираа голи во и околу земјоделската механизација, а на поле меѓу крави и коњи, криејќи се зад каубојски капи и вреќи со семиња.

80 отсто од приходите од продажбата на календарот ќе бидат наменети за добротворната организација РСАБИ, која ги поддржува обесправените лица кои работат во земјоделството. На оние кои имаат потреба им се дава и финансиска и психолошка помош.

Секретарот на клубот Кирсти Бар (22) рече дека идејата за календарот дошла кај неа и кај претседателот уште во јануари. Таа призна дека не било лесно да се најдат кандидати меѓу членовите на клубот, но на крајот некои се согласиле. „На почетокот сите беа нервозни, но веднаш штом почнаа да снимаат, започна забавата: фотографот успеа да создаде удобна атмосфера, а покрај тоа, сите ние сме пријатели еден со друг“, го опиша креативниот процес Бар.

Снимањето се одвиваше на различни фарми од јуни до октомври. На нив присуствуваа волонтери на возраст од 20 до 27 години.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.