Моделот со „најсиметричниот задник“ на светот си го истетовира името на англиската ѕвезда Џуд Белингам на интимно место и е многу среќна за тоа

Тифани Сантос – која го има „најсиметричниот задник на светот“ -го истетовира името на Џуд Белингам на нејзините интимни региони.

Инфлуенсерката и креаторка на содржини за возрасни ја направила тетоважата, откако еден обожавател и платил 9.000 долари за да го направи тоа. Тифани била воодушевена кога еден од нејзините обожаватели ѝ испратил пари за да го направи тоа.

 

 

 

Џуд беше составен дел од тимот на Герет Саутгејт за време на Европското првенство, па така тимот благодарение на него и на останатите играчи, се пласираше во финалето. Тој постигна двапати, единствениот гол на трите лава во нивниот прв натпревар во Германија за 1-0 над Србија.

 

 

 

Тој, исто така, постигна спектакуларен удар со ножички за време на нивниот последен натпревар со Словачка. Името на 21-годишниота играч сега е врежано на кожата на бразилската манекенка, поставено под нејзиниот папок.

 

 

 

Таа неодамна стана вирална затоа што не носеше ништо друго освен боја на телото во боите на бразилската репрезентација во лондонското метро. Тифани, која е по потекло од Бразил, изјави за „What’s The Jam“: „Никогаш не замислував дека такво конкретно барање може да се оствари, но секогаш сум отворена за нови искуства и исполнување на желбите на моите обожаватели. Одговорот од моите следбеници беше неверојатен“.

„Ми се допаѓа колку се ангажирани. Сакам да правам различни работи и да изненадувам луѓе. Мислам дека тоа е она што ја прави мојата работа толку забавна и посебна“.

 

 

Магазинот „Playboy“ користеше бот со вештачка интелигенција за да го пронајде „најсиметричниот задник на светот“ и ја прогласи Тифани за победник, а моделот, кој собра неверојатни 233.000 следбеници на интернет, вели дека нејзината предност е природна. Сепак, таа призна дека поголемиот дел од времето го поминува во теретана за да ја постигне својата неверојатна фигура и троши речиси 1.000 долари месечно за да го одржи својот изглед. Таа рече: „Работам напорно на себе, знам дека само така ќе го одржам телото во добра форма“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *