Модерните проблеми на новопечените мајки: „Мајка ми одбива да ја чува ќерка ми додека сум на работа освен ако не ѝ плаќам, а погледнете колку бара!“
29-годишната мајка од САД планирала да се врати на работа и не сакала да троши пари на дадилки, па побарала помош од нејзината 64-годишна пензионирана мајка, но таа одбила.
Споделувајќи ги деталите на Редит , жената праша „Дали јас сум ненормалната?“ затоа што сака нејзината мајка да се грижи за нејзиното бебе бесплатно. Во објавата, жената детално објасни како нејзината мајка од 1992 година е домаќинка и оттогаш не е дел од работната сила.

„Таа исто така додаде дека ако навистина го сакав ова бебе, тогаш можеби требаше да размислувам да останам дома како таа за да се грижам за тоа додека мојот партнер оди на работа и нè обезбедува како „традиционално“ семејство, и дека ако татко ми можеше да го реши тоа, можеме и ние“, напишала жената.
Новата мајка рече дека заработува повеќе од нејзиниот партнер – кој има долг од 5.000 долари – и не може да си дозволи да биде родител кој останува дома.
„Кога ѝ го објаснив сето горенаведено на мајка ми, таа потоа рече дека во тој случај ќе ми наплаќа 20 долари/час за секој час што се грижи за бебето и плус да и доплаќам ако задоцниме за да ја земе некогаш“, напиша таа и тврди дека нејзината мајка не прави ништо освен да гледа телевизија и да готви оброци.
Бабата, исто така, побарала од нејзината ќерка да ги обезбеди сите неопходни работи за бебето – вклучувајќи седиште за во автомобил, количка, шишиња и „прилично сè“.
„Сакам да заштедам пари за да го покриеме нашиот долг и не сакам да ѝ платам толку, ниту да инвестирам во двојно повеќе од сè, бидејќи тоа ќе доведе до повеќе долгови за мене и мојот партнер. Се мислам да го запишам моето бебе во дневен престој за доенчиња, бидејќи трошоците севкупно ќе бидат пониски и малку поблиску до нашиот дом“.

„Дали јас сум лошата и ненормална што сакам мајка ми, која повторно е дома цел ден, да се грижи за моето бебе бесплатно додека јас и мојот партнер се обидуваме да ги средиме нашите финансии?“ праша мајката.
Темата на Редит беше преплавена со коментари од повеќе од 2.300 луѓе кои ги споделија своите совети и мислења и, верувале или не, многумина застанаа на страната на бабата.
„Извини што сум безобразен и груб, но можеби нема да имаш дете ако не можеш да си дозволиш да се грижиш за него. И ако вашиот план секогаш бил да се вратите на работа, треба да разговарате за тоа пред бременоста со вашата мајка“, напиша една личност.
Друг додаде: „Твојата мајка нема обврска да ти го чува детето“.
Трет напиша: „Ти не бараш премногу што сакаш таа да се грижи за твоето бебе. А и таа не е идиот што не сака. Знам дека ќе биде благослов ако мајка ти беше подарежлива за своето време и сакаше да се грижи за твоето дете. Но, таа не го прави тоа“.
Па што мислите вие? Кој е во право?

Па жената, нормално. Не може да очекува онаа 20 долари по час да и плаќа, па мајка и е!
Коментирај анонимно